Вести Останати — 26 јануари 2015
РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ЗАГЛАВИЈА ВО ИСТАНБУЛ

Македонската ракометна репрезентација го испушти летот од Истанбул за Скопје и ќе мора да преспие во најголемиот турски град. Поради неколкучасовното доцнење на летот Доха – Истанбул, нашите репрезентативци го испуштија вториот лет, од Истанбул кон Скопје, па, наместо денеска во 20 часот, во Скопје ќе пристигнат петнаесетина часа подоцна. Утрешниот лет за Скопје им е во 6 часот наутро.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *