Македонската ракометна репрезентација го испушти летот од Истанбул за Скопје и ќе мора да преспие во најголемиот турски град. Поради неколкучасовното доцнење на летот Доха – Истанбул, нашите репрезентативци го испуштија вториот лет, од Истанбул кон Скопје, па, наместо денеска во 20 часот, во Скопје ќе пристигнат петнаесетина часа подоцна. Утрешниот лет за Скопје им е во 6 часот наутро.



Следете не!