Вести — 05 март 2021
Викендов се одржа вториот селективен собир на женската кадетска репрезентација на Македонија, за ракометарки родени 2004/05 година во организација на РФМ. Во салата Јане Сандански, во саботата 27.02. и неделата 28.02. 44-те селектирани ракометарки, од првичните околу 200, во три одлично организирани тренинзи, имаа можност да го покажат своето ракометно знаење и да ги докажат своите техничко тактички квалитети. И нашиот клуб имаше две претставнички во потесниот круг, тоа беа ракометарките Деника Спасевска и Анастасија Јанковска кои се претставија во одлично светло. Им посакуваме успех во понатамошниот тек на нивната ракометна кариера и се надеваме дека еден ден ќе ги гледаме во репрезентативниот дрес.



Следете не!