Вести — 25 јуни 2020
Андреа Толевска -Првенец на генерацијата

Нашата ракометарка, Андреа Толевска го понесе признанието Ученик на генерацијата во ООУ„Св.Климент Охридски“- Делчево. Андреа е сестран спортист, ученик со кој секој наставник би сакал да соработува, личност која знае да почитува и достоинствена со вистински морални вредности.

Нашето задоволство е огромно бидејќи меѓу изборот на најдобрите се уште две наши ракометарки, одличните Теодора Тодоровска и Симона Ќурќиска. Ученички кои се подготвени за големи предизвици и кои се стремат кон високи дострели. Дариа Спасевска пак се најде во изборот на ученички со континуиран одличен успех

Теодора Тодоровска
Симона Ќурќиска
Дариа Спасевска

Стручниот тим е горд што во својот тим по петти пат има Првенец на генерацијата: Симона Стоименовска, Мери Арсениевска, Бојана Захариева, Тамара Спасевска и Андреа Толевска. Уште еднаш се потврдува дека РК Делчево не само што е расадник на одлични спортисти туку со право можеме да се пофалиме и дека имаме и одлични ученици со кои се гордееме.

На сите наши ракометарки им посакуваме успешна спортска кариера, успех во средношколските денови и сме сигурни дека ќе продолжат да чекорат по вистинскиот пат кој го започнаа.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *