ООУ Ванчо Прке и оваа година беше дел од најмасовната спортска манифестација во Македонија за основни училишта -“Мали олимписки игри Карпош 2015.Под слоганите “Во здраво тело, здрав дух“, „Активност за подобро здравје“, „Преку спортот другарувањето е поголемо“ беа отворени Малите олимписки игри на кои учество земаа повеќе од 1000 ученици во машка и женска конкуренција во шест спортови и тоа:фудбал,ракомет,кошарка ,атлетика,одбојка и футсал.
Ако олимпискиот факел го осветли Карпош пред три дена, од денес уште еден медал ќе свети во ООУ Ванчо Прке во Делчево.
Александар Алексовски ученик од деветто одделение е вицешампион во Атлетика во дисциплината Скок во височина.Александар ја оправда довербата на својот ментор и е дел од плејадата на ученици кои доследно го промовираат ООУ Ванчо Прке на Државните спортски игри.Инаку за потенцирање е и фактот што Александар од година ќе биде и член на Спортска академијата во паралелката Ракомет.
Му посакуваме одлична спортска кариера и се надеваме дека достојно ќе го претставува нашиот град во иднина.




Следете не!