Вести Останати — 16 мај 2015
ООУ “ВАНЧО ПРКЕ“-ДЕЛЧЕВО ПОВТОРНО НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПИЕДEСТАЛ

ООУ Ванчо Прке и оваа година беше дел од  најмасовната спортска манифестација во Македонија  за основни училишта  -“Мали олимписки игри Карпош 2015.Под слоганите “Во здраво тело, здрав дух“, „Активност за подобро здравје“, „Преку спортот другарувањето е поголемо“ беа отворени Малите олимписки игри на кои учество земаа повеќе од 1000 ученици во машка и женска конкуренција  во шест спортови и тоа:фудбал,ракомет,кошарка ,атлетика,одбојка и футсал.

Ако олимпискиот факел го осветли Карпош пред три дена, од денес уште еден медал ќе свети во ООУ Ванчо Прке во Делчево.

Александар Алексовски ученик од деветто одделение е вицешампион во Атлетика во дисциплината Скок во височина.Александар ја оправда довербата на својот ментор и е дел од плејадата на ученици кои доследно го промовираат ООУ Ванчо Прке на Државните спортски игри.Инаку за потенцирање е и фактот што Александар од година ќе биде и член на Спортска академијата  во паралелката Ракомет.

Му посакуваме одлична спортска кариера и се надеваме дека достојно ќе го претставува нашиот град во иднина.

11050832_986103144734328_508862755584243038_n

 

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *