РК Делчево-Вардар во недела ќе биде домаќин на ракометниот турнир на кој покрај домаќинот ќе настапат и ракометни клубови од Виница, Свети Николе и Штип. Турнирот ќе има хуманитарен карактер, а средствата од влезницата која изнесува 30 денари ќе бидат донирани за малиот Матеј од Делчево, дете на кое му е дијагностициран недостиг на нормален физиолошки развој и на кого му се потребни парични средства да може нормално да се развива како сите останати негови врсници. Ракометарите и ракометарките ги покануваат љубителите на спортот во недела од 12 часот во салата при СОУ “М.М.Брицо“ во Делчево да уживаат во возбудливи ракометни натпревари, но воедно и да ја покажат својата хуманост на дело. Инаку освен ваквите активности за помош на малиот Матеј, средства сите хумани граѓани можат да донираат и на отворената Жиро Сметка за донации 240167102537513 Уни Банка.



Следете не!