Утре започнува училишниот спортски камп кој е организиран од страна на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.Ќе се одржи во периодот од 23.06.2014 до 28.6.2014 и од 29.6.2013 до 4.7.2014 во Охрид. Во Охрид учесниците од спортовите ФУТСАЛ, АТЛЕТИКА, ЏУДО, ШАХ РАКОМЕТ, ОДБОЈКА, БОРЕЊЕ, ПИНГ-ПОНГ, КАРАТЕ, СТРЕЛАШТВО И КОШАРКА (машки и женски за основни и средни училишта) ќе бидат сместени во Студентскиот Дом Никола Карев (центар до хотел Палас).Учесници на овој камп од градот Делчево се Марија Гоцевска, Бојана Захариева Сандра Величковска , Бојана Георгиевска , Кети Ангеловска и Анастасија Стоименовска.Правото да бидат дел од овој камп го обезбедија со освојувањето на златниот медал на Државните првенства во ракомет односно футсал.



Следете не!