Денес во спортската сала при СОУ М.М.Брицо пионерките на РК Делчево ги совладаа своите врснички од РК Вардар со резултат 24:17(6:6).Натпреварот го отворија домашните ракометарки поведувајќи со 2:о ,на тоа гостинките возвратија со серија од 3:о поведувајќи со 2:3.До крајот на полувремето водството се менуваше со што на полувреме се замина со резултат 6:6.На стартот од второто полувреме домашната екипа со одличен напад и цврста одбрана постигнаа 4 гола и резултатот на семафорот гласеше 10:6. Тоа беше аларм за гостинките да се свикаат тајм аут, но домаќините беа решени да победат и да го започнат вториот дел од сезоната успешно.До крајот на натпреварот водството само се зголемуваше за на крај резултатот на семафорот да гласи 24:17.
Со оваа победа ракометарките на РК Делчево се искачија на второто место од табелата пред РК Вардар, Велкова 5, Струма, Ѓорче, Металург 2 и Кожувчанка.
РК Делчево
Ивана Арсениевска 7, Лора Велевска 6, Деника Спасевска 5, Јована Илиевска 4 и Елена Николова 2, Исидора Сугарева, Анастасија Ангеловска, Анастасија Јанковска, Матеја Спасевска, Елена Благоевска, Магдалена Георгиевска.
Напред РК Делчево!!



Следете не!