Првенствениот натпревар помеѓу екипите на ЖРК Вардар СЦБТ и РК Делчево во второто коло од женската кадетска лига се оддржа на 19.10.2014 во спортската сала Кале-Скопје.Натпреварот го отворија домаќините поведувајќи со 2:о.Веднаш потоа нашите ракометарки се консолидираа и го изедначија резултатот.Со цврста одбрана и брзи контранапади првпат поведоа при резултат 4:5.До крајот на полувремето нашите ракометарки не дозволија вардарки да го превзедат водството,но по исклучувањето на Марија Гоцевска,во 26 минути,тие го искористија вишокот од играч и на полувреме се замина со нерешен резултат 10:10.Со стартот на второто полувреме нашите ракометарки повторно го презедоа водството .Во 43 мин РК Делчево го имаше водство од 3 гола,12:15,но тоа и беше моментот кога вардарки играјќи на се или ништо успеаа да изедначат и поведат.Со агресивен напад и со нивната корпулентност бедемот на РК Делчево беше пробиен и во 52 мин резултатот беше 17:15.До крајот нашите ракометарки имаа шанса да изедначат но по нереализираниот пенал како концетрацијата да падна и натпреварот заврши 21:18.
Стручниот штаб е во целост задоволен од играта на ракометарките , посебно се истакна голманот Сандра Митевска која со своите интервенции предизвика воодушевувања кај публиката.Најдобар стрелец на натпреварот беше Моника Крстевска со 6 постигнати голови.Судиската двојка од Скопје одлично го водеше натпреварот.
На овој натпревар нашата екипа покажа и докажа дека може да се носи со големите имиња.Во наредното коло РК Делчево е слободен.
ЖРК Вардар СЦБТ:РК Делчево: 21:18 (10:10)
РК Делчево:Б.Захариева , С. Митевска , М.Цонева 1, А.Стоименовска 5 , М.Гоцевска 2, К.Ангеловска , С.Величковска , М.Јанковска 3 , М.Крстевска 6 , Д.Ивановска, С.Николова 1, Т.Димитровска, Б.Георгиевска
ЖРК Вардар СЦБТ:О.Костовска, М.Китановска, И.Божинова 5, А.Николовска 5, С.Стамова 2, А.Петрович, М.Белимова, Ш.Реџепи, Т.Колевска 2, Ј.Мицевска, А.Вељановска 4, А.Карчева 2, М.Георгиевска 1, А.Станикевска, А.Тодоровска, И.Давкова
Судии:Белимов Ерик и Бајрам Дениз
Делегат:Реџепи Мамер



Следете не!