Вести РК Делчево — 29 септември 2015
СТАРТ НА РАКОМЕТНАТА СЕЗОНА

Сезоната 2015/16 во сите Кадетски и Пионерски лиги во машка и женска конкуренција почнува викендот на 3 и 4 октомври 2015 година, со исклучок на Кадетската лига во женска конкуренција, чиј почеток е закажан за викендот на 10 и 11 октомври 2015 година.

Оваа година РК Делчево ќе се натпреварува во  пионерска и  младинска лига во женска конкуренција и кадетска лига во машка конкуренција.

Натпреварите први ќе ги започнат пионерките во недела во 12.00 часот во спортската сала М.М.Брицо каде силите ќе ги одмерат со екипата на РК Куманово.Пионерките се во втората група заедно со РК Кожувчанка, РК Металург, РК Овче Поле СУ и РК Вардар,додека во првата група се екипите РК ПРЕСПА , РК ФИЛИП ВАРДАР , РК Стружанка, РК Велкова 5, РК Лихнид 2012 и РК Металург 2. Првите две екипи од двете групи на крајот од првенството ќе играат FINAL FOUR  за шампионската титула.

Кадетите на РК Делчево во машка конкуренција пак на домашен терен ја пречекуваат екипата на РК Металург .Натпреварот е закажан во 14.00 часот ,недела (04.09.2015) ,во спортската сала М.М.Брицо.Во оваа група се и екипите на РК Неготино, РК Тиквеш,  ГРК Борец,  РК Вардар Јуниор,  РК Радовиш и РК Илинден. Во првата група пак во кадетската лига во машка конкуренција се екипите на  РК Пролет 62,  РК Гого, Рк ХЈС, РК Јуниор, РК Прилеп, РК Преспа Вардар, РК Македонија ЃП. Прво пласираните две екипи од двете групи и овде ќе играат  FINAL FOUR  за шампионската титула.

Младинките на РК Делчево натпреварувачката сезона ја започнуваат наредниот викенд каде ќе гостуваат на екипата РК Кичево 10 .Во младинската лига во женска конкуренција освен овие две екипи се и РК Чаир, РК Бисинов Вардар,  РК Металур,  РК Вардар и РК Ѓорче.

На сите ракометарки им посакуваме успешен старт на првенството,а сите  љубители на ракометот ги покануваме  да дојдат во сабота во М.М.Брицо и да ги подржат нашите пионерки и кадети.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *