Овој викенд стартува пролетниот дел од ракометната кадетска женска лига.Во осмото коло екипата на РК Делчево гостува во Свети Николе кај ЖРК Овче Поле СУ.Стручниот штаб смета дека екипата е подготвена за овој натпревар и се исчекува позитивен исход од средбата.Свое видување за овој натпревар има и десното крило од нашиот клуб:
-Кога станува збор за екипата на Овче Поле можам да кажам дека пред се тоа е екипа која игра фер и коректно,екипа која ни е добра позната и со која имаме оддиграно многу натпревари, како првенствени така и пријателски.Во првото коло на домашен терен ја совладавме со резултат 27:18 се надевам и дека сега ќе издвојуваме победа,но сепак во никој момент не смееме да ги потцениме бидејќи тие освен што ќе ја имаат публиката како осми играч тоа е и екипа од која произлегоа и неколку репрезентативки-изјави Кети Ангеловска.
Натпреварот се игра во недела 01.03.2015 со почеток во 14.00 часот во спортската сала Цар Самоил.




Следете не!