Овој викенд се натпреварите од петтото коло од женската кадетска лига. РК Делчево во сабота силите ќе ги одмери со РК Филип Вардар од Прилеп ,РК Кичево на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Вардар,ЖРК Овче Поле СУ гостува на ЖРК Металург, а екипата на Струма е слободна.После добриот старт од првенството и со 6 бода на табелата стручниот штаб и ракометарките на РК Делчево очекуваат победа и нови три бода.РК Филип Вардар досега не забележа победа во текот на првенството такашто ќе се обидат со сите свои сили токму на овој натпревар да ги забележат првите три бода.Ова ќе биде доста интересен натпревар кој ќе се одржи во спортската сала “Маркови Кули“ со почеток во 12.30 часот.
“За екипата на РК.Филип-Вардар имаме добиено информации дека во оваа натпреварувачка сезона сеуште се нема здобиено со бод кој ќе ја краси нивната бодовна листа. Претпоставувам дека се надеваат дека првите бодови ќе ги извлечат од петото коло на кадетската женска лига,но ние сме максимално мотивирани и подготвени за тие 3 бода да се запишат во нашата бодовна листа каде што веќе има 6.Можностите и способностите на противничката екипа во никој случај нема да бидат потценети од наша страна,бидејќи топката е кружна и можат работите да тргнат во обратен правец од очекуваниот“-изјави голманот Бојана Захариева.



Следете не!