Вести РК Делчево — 13 ноември 2014
РК Делчево ја пречекува екипата на РК Кичево 2010

Во недела 16.11.2014 во 13.00 часот во спортската сала на С.О.У. М.М.Брицо ќе се одржи првенствениот натпревар од шесттото коло од женската кадетска лига помеѓу екипите на РК Делчево и РК Кичево 2010.Двете екипи меѓусебно многу добро се познаваат ,имаат оддиграно доста меѓусебни натпревари како првенствени така и пријателски.Овој натпревар е од голема важност за двете екипи ,но сепак ракометарките на Делчево сметаат дека ќе ја искористат предноста на домашен терен и ќе се запишат нови бодови на табелата.Овој натпревар е последен на домашен терен во есенскиот дел од првенството, такашто ги покануваме сите љубители на ракометот во недела да ја дадат својата подршка на нашите ракометарки и Делчево да остане неосвоена тврдина во есенскио дел .

DSC0089После гостувањето во Прилеп и освоените три бода ,на домашен терен ја пречекуваме ,нам добро познатата екипа на РК Кичево 2010.Моментално сме втори на табелата ,на домашен терен немаме пораз ,такашто мотивацијата во никој момент не изостанува.Ние се надеваме на победа,во никој случај нема да го потцениме противникот ,но самото излегување на терен и подршката која ни ја дава нашата публика, желбата за победа  е се поголема.Им благодарам на навивачите што секогаш не подржуваат и со право можам да кажам дека имаме најверна публика од сите екипи .Затоа ги поканувам сите во недела победнички да ја завршиме мисијата која ја започнавме.Секогаш играме со срце и затоа НИЕ САКАМЕ,НИЕ САКАМЕ,НИЕ МОЖЕМЕ!ЗА КОГО? ЗА РК ДЕЛЧЕВО!!!Со среќа на сите!-изјави левото крило Анастасија Стоименовска.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *