Ракометниот клуб Делчево е дел од проектот “Страст за ракомет“спроведен од ракометниот бренд РК Вардар.Овој проект подразбира соработка со 27 регионални центри во Македонија во кои ќе бидат вклучени над 1500 деца на возраст од 7 до 16 години во машка и женска категорија.Со овој проект РК Вардар на сите регионални единици во кои спаѓа и РК Делчево за секое дете обезбеди ракометен дрес,шорц и топка од реноминираниот спортски бренд Hummel, маица и Loyalty Card Fun Shop Vardar.
Освен спортска опрема обезбедени се и спортски реквизити:морнарска скала за тренинг, препони,јаже за скокање, ластици за тегнење,медицинки, чуњеви, хулахоп и сл.
Преку овој проект од 15-17 јануари во Скопје ќе се оддржи и меќународниот турнир“ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ“ каде РК Делчево пријави 2 екипи:генерација 2000/01 и генерација 2002/03







Следете не!