Овој викенд започнуваат натпреварите во младинската женска лига ,а екипата на РК Делчево ја пречекува екипата на ЖРК Кичево 2010,Екипата моментално се наоѓа на шестата позиција ,но со одличен распоред во пролетниот дел ќе атакува на едно од 4 места кои водат во плеј офот,каде ќе се разигрува за висок пласман.Екипата е добро подготвена и очекуваме нови бодови на нашето салдо Инаку во есенскиот дел во Кичево бевме поразен со 21:17(10:12), иако на полувреме имавме водство и солидна игра до крајот на натпреварот не успеавме да ја задржиме концентрацијата и бодовите останаа во Кичево.Натпреварот се игра во Недела на 28.02.2016 год. со почеток во 14.00 ч. во спортската сала М.М.Брицо.Се покануваат сите љубители на ракометот да дојдат и да ја бодрат нашата екипа во походот кон уште една победа која ќе влее повеќе самодоверба за следните искушенија кои ја очекуваат нашата екипа во следниот период.
Инаку овој викенд, во сабота се игра и Вардар Јуниор Лигата каде нашите ракометарки во генерација 00/01 играат против Академија2 .02/03 игра противРК Кастратовиќ-Вардар во спортската сала Кале , исто така и нашите играчи во генерација 98/99 женска категорија играат против Академија 2,додека машките генераци 98/99 играат во спортската сала Јане Сандански каде исто така имаме претставник.
За спомнување е и информацијата дека на РК Делчево му е одбиено барањето за намалување на киријата за користење на спортската сала во СОУ„М.М.Брицо од страна на училишниот одбор на состанокот кој се одржа денес.Со големо жалење можеме да констатираме дека нашите надлежни институции немаат разбирање за тешките услови во кои се наоѓа нашиот спорт и немаат слух за потребите на младите ,немаат слух дека и овие неколку клубови од нашиот град кои мака мачат со егзистирање,ако не се помагаат набрзо ќе згаснат,а нашите млади средното образование се повеќе и повеќе ќе го завршуваат во другите градови и Скопје.



Следете не!