Согласно Одлуката на Извршниот одбор на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) од 21.03.2014 година за потпишување на Договор (СМАРТ – ПРОГРАМА) со Ракометна Федерација на Македонија , за развој на мини ракомет и ракомет на територија на Република Македонија, Ракометната Федерација на Македонија објави Конкурс за доделување на опрема односно материјални средства(реквизити) за мини ракомет и ракомет.
“ООУ.Ванчо Прке“-Делчево заедно со уште 23 Основни училишта од Р.Македонија ги исполнија условите и се избрани да бидат дел од СМАРТ проектот.Со овој проект на сите основни училишта ќе им бидат доделени:
- 300 топки ,
- 64 фиксни голови за мини ракомет,
- 1000 конуси (пречки),
- 380 маркери и
- медицинки од 0,800 грама.
Со ова уште еднаш се потврди фактот дека ракометот во Делчево оди и ќе оди во нагорна линија благодарение на залагањата на одредени спортски работници кои несебично се залагаат за развој на ракометот и воопшто на спортот во општина Делчево.Спортот е неопходен како за подобар физички и психички развој на нашата младина така и за промовирање на нашиот град.



Следете не!