Денес во Спортската сала на СОУ М.М.Брицо се одржаа Општинските натпревари во ракомет за основни училишта во машка и женска конкуренија помеѓу нашите две основни училишта ООУ“Ванчо Прке“ и ООУ “СВ.Климент Охридски“.Самиот факт што ракометот е спорт број еден во нашиот град значеше дека ќе се води голема битка на теренот.

Натпреварите ги отворија женските екипи каде во текот на целиот натпревар се водеше рамноправна битка каде до пред крајот на првото полувреме резулатот беше изедначен за на полувреме да се замине со предност од три гола за ООУ“Ванчо Прке“(15:12).
Во вторит дел разликата се зголемуваше и натпреварот заврши со резултат 30:20 за ООУ “Ванчо Прке“.

Во вториот натпревар во машка конкуренција гледавме еден нерамноправен натпревар каде победата на ООУ “Ванчо Прке“ не беше доведена во прашање во ниеден момент и натпреварот заврши со резултат 25:20(13:8).
Она што е од посебно значење е фактот дека се играше на едно повисоко ниво во однос на претходните години и самиот показател дека трибините беа исполнети до последното место ни дава до знаење дека Општинските натпревари во ракомет во наредните години ќе изобилуваат со многу жар и желба за нови докажувања.
ООУ “Ванчо Прке“ со овие победи се пласираа на Зонските натпревари кои ќе се одржат во Македонска Каменица(женски) односно Берово(машки).Им посакуваме одлични резултати и пласман на Државните спортски игри кои ќе се одржат во Општина Карпош-Скопје.



Следете не!