Ракометната федерација на Македонија информираше дека билетите за мечот против Грција, во Скопје (15 јуни) ќе чинат 300 и 400 денари. Тоа ќе биде возвратен натпревар, откако веќе ќе се соочиме со Грците во Атина, оваа сабота, така што, ако сѐ оди според желбите, може да претставува еден празник на ракометот и само ревијална официјализација на пласманот на СП 2015. Меракот да се види јужниот сосед на колена е бесценет, но околу 6.000 луѓе ќе можат да си го дозволат за 300 денари на повисоките седишта и 400 денари на оние во првиот „прстен“ околу теренот.



Следете не!