Вести РК Делчево — 10 ноември 2014
Нова победа на РК Делчево!

Во саботата 08.11.2014 во првенствениот натпревар од петтото коло од женската кадетска лига екипата на РК Делчево забележа нова победа против екипата на РК Филип-Вардар од Прилеп.Во овој натпревар нашите ракометарки влегоа како фаворити  со што и ја оправдаа својата фаворитска улога совладувајќи го противникот со резултат  02:26(1:11).Првиот и единствен гол во првото полувреме домаќинките го постигнаа во 28 мин ,додека вториот при крај на второто полувреме во 55 минута од натпреварот.На овој натпревар тренерот Велков им даде можност и на помладите ракометарки така што немаше ракометарка од РК Делчево која не се запиша во листата на стрелци.Голманите Захариева и Митевска блесакаа со своите интервенции, се играше цврсто во одбраната и брзи контри во нападот.Најдобар стрелец на натпреварот е левото крило Анастасија Стоименовска со 12 постигнати голови.

10383564_1001073979918879_675935918508790760_n“Чувството кога ќе ја фатиш ракометарската топка е незаменливо…прво со тебе буди страв дали ке успееш да го осветлиш лицето на твојот клуб и дали твојот тренер ќе биде задоволен..Секој спорт си има свои карактеристики па така и ракометот. Играта со Филип- Вардар од Прилеп ни беше одлична. Овој викенд ги дочекуваме противниците од Кичево каде сме спремни да дадеме се од себе со нови сили, кон нови победи.Сите наши натпреварувања се мошне тешки.Секогаш се бориме и ќе продолжиме да се бориме до крај..Некогаш ќе дојде до тоа да се гордееме со својата висока разлика но некогаш и ќе ни дојде до солза.Супер го оддигравме последниот натпревар.Се боревме со целата наша сила да докажеме дека можеме и дека ќе продолжме и понатаму да се бориме и да успеваме.“изјави бекот Моника Крстевска.

 

 

 

 

 

РК Филип-Вардар:РК Делчево: 2:26(1:11)

РК Делчево: Б.Захариева , Митевска С, М.Цонева 1, А.Стоименовска 12 , М.Гоцевска 6, К.Ангеловска 1 , С.Величковска 1 , М.Јанковска 2 , М.Крстевска 2 , С.Николова 1, Т.Димитровска 1

Седмерци:6/4Исклучувања: 4 минути

 

Судии:  Цветковски Бобан и Спиркоски Зоран

Делегат: Јованоски Љупчо

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *