На Државното првенство за ракомет во жени кое се одржува во Штип ученичките од ООУ Ванчо Прке-Делчево забележаа уште една победа против екипата на ООУ Владимир Полежиноски од Кичево со резултат 19:15(8:8).Со оваа победа ракометарките се на прво место во својата група што значи во полуфиналето, кое е закажано за во 17.00 часот, ќе се сретнат со второпласираната екипа од другата група.Противникот сеуште не е познат бидејќи е во тек натпреварот помеѓу Основните училишта од Штип и Битола.Поразениот од овој натпревар е противникот на ученичките од ООУ Ванчо Прке.Се надваме дека ракомтарките ќе продолжат со добрата игра и утре во финале ќе се борат за златниот медал кој што ќе биде уште еден голем успех за ова училиште ,кое пред една недела се збогати со признанието Државен првак во Футсал-жени.



Следете не!