Бројните фанови на Металург немаат причина за вознемиреност – Лино Червар останува во Металург.На веб сајтото на Металург Лино го изјави следново:
“Се работи за обична шпекулација, изјава извадена од контекст. Природно е јас, како роден Хрват, да чувствувам носталгија по својата татковина, но најавите за моето заминување од Металург се апсолутно неточни. Јас сум среќен овде и веќе го планирам тимот за следната сезона“.
Значи и во наредната година ќе гледаме добар ракомет од ракометарите на Металург на чело со големиот стратег Лино Червар.
извор:rkmetalurg.mk



Следете не!