Вуко Борозан е роден 09.04.1994 во Цетиње ,млад ракометар кој неодамна дојде во Металург ,а веќе наголемо се пишува за неговите ракометни квалитети.Настапувал во сите црногорски репрезентативни категории ,а има и 9 настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора.Со своите 203 см и силниот удар кон противничкиот гол само по себе покажува колкава блескава кариера претстои пред него.Завршува средно трговско училиште и целосно се посветува на ракометот ,а резултатот од тоа е веќе видлив Во прилог ви го доставуваме целиот разговор со новото засилување на Металург Вуко Борозан:
РК Делчево:Кога започна да тренираш ракомет ?
В.Борозан:Ракомет започнав да тренирам на свои 14 години во ракометниот клуб Цепелин во Цетиње .
РК Делчево:Зошто баш ракомет а не некој друг спорт од каде желбата баш за овој спорт?
В.Борозан:Цетиње е ракометен град ,а јас како дете одев на натпревар со мојот дедо и желбата се појави од тие натпревари.
РК Делчево:Како си задоволен од Македонија како те прифатија соиграчите од Металург?
В.Борозан:Македонија е супер,во Скопје е прекрасно,народот е сличен како мојот така да сум задоволен,а соиграчите ме прифатија одлично немам зборови ,баш сум задоволен.
РК Делчево:Игравте со Лука Циндриќ заедно во Карловац,тој дојде малку пред тебе во Металург ти помага ли Лука ?
В.Борозан:Да да ,јас и Циндра заедно игравме и живеевме во Карловац,така да немам што да ви кажам тој е вистински пријател и си помагаме еден со друг и ни е многу убаво што сме заедно.
РК Делчево:Го победивте РК Вардар вашиот најголем ривал во домашното првенство со неверојатни 9 гола разлика,се очекуваше ли толкава победа?
В.Борозан:Да тоа беше неверојатно,никој не се надеваше на таква победа,но на крај е потполно заслужена.
РК Делчево:Сега за викендот се игра купот на Македонија,пак ќе се сретнете со Вардар ,ве мотивира ли доволно Лино Червар за нова победа?
В.Борозан:Да, да што да ви кажам со Лино никогаш мотивацијата не ни недостига,одиме да го освоиме и Купот на Македонија.
РК Делчево:Со освојувањето на шампионската титула во Македонија Металург повторно ќе игра во Лигата на шампионите.Сега ќе можиш и ти да играш на тие натпревари ,а навивачите на Металург со право може да очекуваат наредната година и Final Four?
В.Борозан:Да ќе играм во Лигата на шампионите и нормално дека имаме високи цели ќе тренираме за Final Four.
РК Делчево:Што повеќе сакаш да играш во напад или одбрана?
В.Борозан:Па незнам сакам и напад сакам и одбрана,во двата правци.
РК Делчево:Каде се гледаш за неколку години кој ти е омилен клуб и кој ти беше идол?
В.Борозан:Па вака омилен клуб и во кој би сакал да играм ми е Рајн Некар Ловен,а омилен ракометар ми е Филип Јича.
РК Делчево:За крај зошто број на дрес 34,случајно или со значење?
В.Борозан:Па 3 и 4 ми се омилени и многу значајни броеви и ете одлучив 34.



Следете не!