По разочарувачкиот пораз на машката футсал екипа на ООУ „Ванчо Прке“ од футсал екипата на ООУ„СВ.Климент Охридски“,денес женската футсал екипа на ООУ„Ванчо Прке “се враќа со освоено прво место на зонскиот турнир кој се одржа во Кочани.Тие во финалето беа подобри од врсниците од екипата на „ООУ Никола Карев од Кочани со што изборија учество на регионален натпревар.Резултатот од финалниот натпревар заврши 2:0(1:0) за екипата на Ванчо Прке од Делчево.Головите за нашиот тим ги постигнаа Ѓеоргина Витанова во 11 мин од првото полувреме и Бојана Коларска во 25 мин од натпреварот.Регионалниот натпревар ќе се одржи на неутрален терен ,во конкуренција на други три учесници од источниот регион.Инаку првите две екипи од источниот регион ќе се пласираат на државните спортски игри.
За спомнување е и зонскиот натпревар во машка конкуренција кој ќе се одржи на 04.12.2014 год.во СОУ„ М.М.Брицо“-Делчево.терминот е закажан за 12.00.



Следете не!