Сите заинтересирани кои сакаат да го гледаат натпреварот од 11. коло на СЕХА ГСС лигата меѓу Вардар и Борац Бања Лука, што ќе се одигра на 13 декември (сабота) во СЦ “Јане Сандански”, од денеска ќе може да си купат и поединечен билет за истиот натпревар.
Во блоковите за седење, билетите ќе бидат по цена од 120 денари, додека ВИП билетите ќе се продаваат по 250 денари.
Билетите може да се купат од денеска (четврток, 11 декември) од 12.00 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он лајн преку продажната мрежа на MKtickets.mk.
Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 12.00 до 20.00 часот секој работен ден.




Следете не!