Пред почетокот на Светското Првенство кое од 15 јануари до 1 февруари ќе се одржи во Катар, пуштена е официјалната химна на СП. Познато е дека Лазаров и другарите ќе ги бранат боите на Македонија во спортскиот дел на СП, но интересен е податокот дека Македонија има свој претставник и во креирањето на официјалната химна на СП .Toa e нашиот претставник за“ Евровизија“ Даниел Кајмакоски.
Даниел Кајмакоски заедно со останатите музички ѕвезди кои се дел од овој проект ја снимија официјалната химна на Светското првенство во Катар со наслов “Live It”. Покрај македонскиот пејач, во креирањето на оваа химна учествуваа и норвежанецот Даниел Рибак (евровизиски победник во 2009 година), германската пеачка ѕвезда Океана, Лана Јурчевиќ од Хрватска и др.



Следете не!