Машкате кадетска екипа на РК Делчево во недела (15.11.2015) во 15.30 часот во спортската сала М.М.Брицо на домашен терен ја пречекува екипата на РК Вардар Јуниор од Скопје.Уште една можност за љубителите на ракометот да гледаат еден прекрасен натпревар со второпласираната екипа на табелата во кио ќе ја бараат можноста за искачување за уште едно место погоре на табелата.Моментално нашата екипа се наоѓа на петата позиција со 7 освоени бодови колку што има и четвртопласираниот Борец. додека пак РК Вардар Јуниор ја дели втората позиција со РК Радовиш со 10 бодови ,а на врвот е екипата на РК Металург со 15 бодови.
Женската младинска екипа пак во недела и гостува на екипата РК Чаир.Натпреварот е закажан во 11.00 часот.Наредниот викенд се играат последните кола од есенскиот дел на првенствата во кои нашите кадети гостуваат на екипата на РК Тиквеш од Кавадарци додека младинките ја пречекуваат второпласираната екипа на табелата екипата на ЖРК Вардар .од Скопје



Следете не!