Репрезентативците беа дел од хуманитарната акција во Охрид
Ракометарите на репрезентацијата на Македонија, кои се на подготовки во Охрид, зедоа учество на хуманитарната акција на Градскиот плоштад. Тие, во рамки на акцијата, донираа за спас на еден детски живот и се дружеа со Oхриѓани.
Се работи за 11 годишно охриѓанче кое боледува од тешка болест и кое во најбрз можен рок мора да отпатува на операција во Пекинг. За операцијата потребни се 35.000 евра. Граѓаните можат да донираат 100 денари на броевите 075/143-113; 077/143-155 и 070/143-105.



Следете не!