Денеска во Штип започна Државното првенство во ракомет за жени.ООУ Ванчо Прке се наоѓа во групата заедно со ООУ Стив Наумов од Скопје и ООУ Владимир Полежиноски од Кичево.Нашето училиште ги отвори натпреварите од својата група и во првиот натпревар се сретна со ООУ Стив Наумов .Се водеше тешка и неизвесна борба во поголемиот дел од играта но сепак нашите ученички со цврстата одбрана излегоа како победници со резултат 15:8(5:3).Овој добар старт на почетокот на државното првенство би значло и полуфинале за нашите ракометарки од ООУ Ванчо Прке.Вториот натпревар е закажан за утре со ООУ Владимир Полежиноски од Кичево, кое неколку години по ред е учeсник на државните првенства, а минатата година го освои третото место на Државните спортски игри-Аеродром 2013.



Следете не!