Во четвртото коло од женската кадетска лига ракометарките на РК Делчево на домашен терен ја пречекаа екипата на РК Струма.Како и што се очекуваше, ракометарките од Струмица влегоа на натпреварот со цел да ги освојат првите три бода,демонстрирајќи агресивна игра која што предизвика лава од свирежи во публиката и низа на неколку жолти картони.После 8 мин од натпреварот резултатот на семафорот беше 0:0.Резултатот први го отворија нашите ракометарки,но веднаш потоа гостите изедначија.Во 15 минута со серија од 4:0 нашите ракометарки си обебедија водство и на полувреме заминаа со реултат 8:3.Второто полувреме нашите ракометарки го отворија со серија 5:0 и во 40 минута од натпреварот РК Делчево имаше предност од +10 гола.Струмичанки дури после 11 минути игра во второто полувреме, постигнаа гол од линијата за седум метри.Најголемото водство делчевки го имаа во 47 минита +11 позитива.Сите ракометарки од РК Делчево одлично оддиграа на теренот ,како во нападот така и во одбраната .Кај нашиот тим најдобар стрелец беше левото крило Анастасија Стоименовска со 9 постигнати голови.Натпреварот заврши 18:11 со што РК Делчево освои нови три бода ,а Делчево сеуште е неосвоена тврдина ,оваа сезона .
РК Делчево:РК Струма 18:11(8:3)
РК Делчево: Б.Захариева , Митевска С, М.Цонева 1, А.Стоименовска 9 , М.Гоцевска 3, К.Ангеловска , С.Величковска , М.Јанковска 3 , М.Крстевска 2 , , С.Николова, Т.Димитровска
Седмерци:2/1 Исклучувања: 8 минути
РК Струма:М.Кондева, Д.Костадинова К.Галева 4, А.Тасева 1, С.Гражданлиева 3, З.Русева 1, М.Зимбакова 1, С.Тодорова, Р.Петрова, М.Христова,М.Трајкова 1, М.Николова, Д.Кирова, Л.Ефтимова, М.Василева
Седмерци:4/2 Исклучувања: 6 минути
Судии: И.Јовановски и С.Станков
Делегат: Зоран Јовановски



Следете не!