Вести РК Делчево — 16 август 2014
Неизвесноста продолжува!

Рк Делчево денеска го оддигра  третиот натпревар од Скопје куп 2014.На теренот излегоа со голема мотивираност и желба за победа и на пауза заминаа со еден гол предност,резултат кој значеше пласман во полуфинале.Но во второто полувреме работите се сменија и РК Бар веќе го презеде  водството.Мотивираноста како да исчезна или пак заморот поради малата резервна клупа го направи тоа и РК Делчево го доживеа вториот пораз со резултат 20 :15.Дали вчерашното реми со РК Велккова 5 ќе биде еквивалентно со пораз останува да сочекаме до утре,бидејќи кој ќе е четвртиот патник во полуфиналето ќе се знае по утрешниот натпревар на РК Делчево -ЖРК Металург и РК Бар-РК Велкова 5.Калкулации има многу и со пораз повторно имаме шанси да се пласираме во полуфинале ,но калкулациите настрана, она што треба да се направи е да се оддигра добар и квалитетен натпревар.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *