Овој викенд се натпреварите од второто коло од женската кадетска лига.Нашиот тим,РК Делчево,гостува на екипата на ЖРК Вардар Скопје во недела во 12.00 часот во спортската сала Кале.Ова е доста тежок натпревар кој ги очекува нашите ракометарки ,но стручниот штаб и ракометарките верувааат дека можат да се спротивстават на фаворитот ,да покажат добра игра.Mотивацијата во никој момент не изостанува што всушност е главниот услов за победа.
“Не чека доста тежок натпревар во недела ,но доколку ја оддиграме истата партија како со Овче Поле СУ,цврста одбрана ,позиционен напад ,брзи и реализирани контри ,победата е наша и трите бода ќе ги донесеме во Делчево.ЖРК Вардар е фаворит оваа година,добро знаеме сите што значи ова име во ракометот,но ние сме спремни да се спротиставиме на големи имиња,бидејќи ние сме тие што се докажуваме и што нема што да изгубиме,воиграни сме добро ,со девојките што се вели заедно пораснавме ,точно знаеме која што ќе направи,едноставно функционараме како семејство.Мотивацијата не ни недостига желни сме за игра но пред се за победа“ изјави капитенот Михаела Јанковска.
Во другите натпревари од второто коло ЖРК Металург ја пречекува екипата на Вардар Филип -Прилеп.ЖРК Овче Поле СУ е домаќин на РК Струма-Струмица а екпта на РК Кичево е слободна.




Следете не!