Влатко Неделковски, тренерот на Работнички, е новиот селектор на јуниорската репрезентација, која ќе ја води низ квалификациите за СП во Бразил. Неделковски доаѓа на местото на Зоран Петковски, кој ја водеше репрезентацијата на јуниорското ЕП во Австрија, каде што македонска репрезентација заврши на последното место.
Македонија за противници во група ќе ги има репрезентациите на Полска, Франција и на Чешка, а само победникот од групата ќе патува во Бразил. Натпреварите од групата ќе се играат во Островјец (Полска), од 8 до 11 јануари.
Распоред:
09.01.2015 г., 16 часот: Македонија – Чешка
10.01.2015 г., 18 часот: Полска – Македонија
11.01.2015 г., 12 часот: Франција – Македонија



Следете не!