Вести РК Делчево — 13 август 2014
Од денеска 13.08 до 19.08 РК Делчево ќе земе учество на првиот Меѓународен младински турнир во ракомет “Скопје куп 2014“.Оваа година се организираа младински натпревари во ракомет и фудбал додека за наредната организаторите најавија воведување и на младински натпревари во кошарка и одбојка.Скопје куп 2014 е турнир од затворен карактер што значи право на учество имаат екипите кои претходно добиле покана од организаторот.
РК Делчево на овој турнир силите ќе ги одмери со екипите на РК Металург, РК Велкова 5, РК Будучност и РК Бар.Во првиот натпревар кој е закажан за утре во 10.45 Рк Делчево се сретнува со екипата на РК Будучност




Следете не!