Вести РК Делчево — 30 септември 2014
Почеток на првенството

Во сабота 04.10.2014 во 14 .00 часот  започнува кадетската женска лига на Македонија во која и оваа година нашиот клуб ќе се обиде да игра значајна улога во борбата за првото место.Иако ослабени за неколку играчи нашиот состав е подготвен за нови победи и нови пријатни моменти за сите љубители на ракометот од нашиот град.Како прв противник за оваа сезона ќе ни гостува секогаш солидната екипа на Овче Поле СУ од Свети Николе,со која во досегашните дуели имаме негативен биланс и тоа 3 порази-2 победи и еден нерешен резултат.Нашиот состав добро се подготви за претстојната сезона и се надеваме дека во сабота 04.10.2014 во спортската сала М.М.Брицо ќе го започнеме првенството со позитивен резултат..Останатите натпревари од првото коло се:РК Струма-ЖРК Металург; РК Вардар Филип-РК Кичево;  додека ЖРК Вардар СЦБТ е слободен.Ги покануваме сите љубители на ракометот да дојдат и да уживаат во една добра спортска претстава.Влезот е слободен.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *