Денеска во Свети Николе се оддигра заостанатиот натпревар од осмотто коло од женската пионерска лига помеѓу екипите на РК Делчево и РК Овче Поле.Ракометарките од двете екипи оддиграа фер и коректен натпревар кој беше доста неизвесен .Првото полувреме заврши нерешено(6:6) што навестуваше неизвесна и тешка борба во второто полувреме за да се добие победникот.Овие два тима меѓусебе добро се познаваат и на терен демонстрираат доста слична игра и секогаш натпреварите помеѓу нив се неизвсни до последната секунда.Но сепак овојпат нашите ракометарки ги однесоа бодовите од Свети Николе со резултат 13:14.
Следен противник на нашата екипа е РК Куманово кој ќе се одржи во сабота 12.04.2014 во 13:30 во Куманово.Со овој натпревар ќе заврши и натпреварувањето во пионерската женска лига .



Следете не!