Вести — 03 октомври 2019
Продолжуваат возбудувањата на спортските терени за нашите екипи.Во сабота и недела по 5-ти пат ќе се одржи турнирот “Вардар еден живот една љубов” ,каде РК Делчево и оваа година ќе има свој претставник и тоа во генерација 2006/07 женски.Екипата патува добро подготвена и очекуваме да се вратиме со добар резултат.Исто така нашите пионерки во сабота гостуваат на екипата на ЖРК Металург од Скопје.Натпреварот е закажан за во 14.30ч.во спортската сала Автокоманда.Кадетите пак во недела на гостински терен ќе се сретнат со екипата на Вардар од Неготино.Натпреварот ќе се игра во 17.00ч.



Следете не!