Вести Останати — 21 мај 2014
Злато и Сребро за ООУ Ванчо Прке  на Државното првенство во атлетика

ООУ Ванчо Прке продолжува со своите учества на Државните првенства но и со успесите.Денеска,во Куманово, се одржа Државното првенство во атлетика каде ООУ Ванчо Прке имаше пет  преставници,Марија Гоцевска,Бојана Георгиевска,Никола Тренчевски ,Андреј  Трајанов и Кристијан Велиновски, од кои два се закитија со златниот односно сребрениот медал.Марија Гоцевска се натпревауваше во дисциплината фрлање ѓуле и го освои првото место со што на ООУ Ванчо Прке му го донесе златниот медал.Во спортот е многу потешко да се одбрани титулата отколку да се освои,но Марија не дозволи златниот медал од минатите две години  да замине во витрините на друго училиште.За потсетување само, дека 2012 Државен првак беше Симона Димовска ,а  во 2013 год. Сандра Митевска,ученички при ООУ Ванчо Прке.За Марија Гоцевска ова е трет златен медал од Државните првенства оваа година.Државен првак во футсал, ракомет и фрлање ѓуле се нејзините успеси со што со право можеме да кажеме дека е најуспешен млад спортист за учебната 2013/14 година.Вториот учесник од ООУ Ванчо Прке на Државното првенство во атлетика , Бојана Георгиевска, во дисциплината скок во височина го освои второто место и се закити со сребрениот медал.Иако до последната серија Бојана речиси го имаше златниот медал,сепак Сања Димчевска од ООУ Магдалена Антова од Куманово, успеа да ја помине пречката од 140 см ,и го освои златниот медал.Успехот на Бојана оваа година се два златни медали,во ракомет и футсал,и еден сребрен во скок во височина.
ООУ Ванчо Прке и градот Делчево повторно можат да бидат горди на своите ученици бидејќи ја продолжија девизата„Важно е да се победи“.Со ова Државно првенство завршија спортските натпреварувања за учебната 2013/14 година ,а најуспешните од нив ќе бидат дел од спортскиот камп 2014.
ООУ Ванчо Прке гордо опстојува веќе 41 година ,а токму денеска е и патрониот празник на ова училиште.Своите активности учениците ги започнаа од синоќа кога и се одржа и свечената приредба каде учество земаа ученици од сите одделенија.Свечената приредба ја отвори директорот ,Сашко Ивановски кој во својот говор го истакна следново:

„ Низ нашето училиште поминале многу генерации, и од него излегле врвни луѓе, вистински професионалци, големи научници, доктори, инжинери, професори, добри луѓе…
Училиштето воспитува и образува во духот на соживот, толеранција, почитување, другарство, еднаквост…
Взаемното почитување на сите вработени е генератор на успеси како лидери во е-дневникот
-прваци во ракомет
-прваци во футсал
-прваци во народна техника
Паралелно со ова имаме и обврска да го обновуваме и реконструираме училиштето. Целосно ја заменивме столаријата, делумно кровот, изградивме нови спортски терени, градиме традиција, градиме успех, градиме квалитет.
Сето ова го исфрли на површина мотото „Важно е да се победи“-рече директорот Ивановски.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *