Вести РК Делчево — 18 јуни 2020
Нашата ракометарка Магдалена Георгиевска која достоинствено и успешно ги брани боите на нашиот клуб се најде помеѓу најдобрите во изборот на Првенец на генерацијата во ООУ „Ванчо Прке“- Делчево. Стручниот тим на РК Делчево се горди и среќни што во своите редови имаат ракометарки кои се одлични спортисти, интузијасти и личности кои имаат изградено вистински морални вредности.
-Магдалена! Ти посакуваме успешна кариера, успешни средношколски денови исполнети со среќа, награди и признанија и горди сме што си дел од нашиот тим. Ти си еден пример за личност која потврдува дека кога нешто искрено се сака секогаш може да се успее.




Следете не!