Вести — 18 август 2015
РК Делчево го освои третото место на интернационалниот турнир во ракомет “СКОПЈЕ КУП 2015“ кој традиционално по вторпат се одржува во главниот град.Нашата екипа во една драматична завршница беше подобра од екипата на РК Требјеса од Никшиќ и тоа после изведувањето на пеналите.
Големи честитки за одличната игра и несебичното залагање на целата екипа која покажа и докажа дека кога се сака со труд и желба може да се постигнуваат врвни резултати и дека Делчево треба и мора да биде гордо на нивниот успех,затоа штоа тоа е успех и на самата општина.
Инаку во борбата за првото место екипата на РК Бар од Црна Гора беше поуспешна од екипата на РК Металург со што го повтори ланскиот успех.Уште еднаш честитки за ракометарките и нивниот успех.




Следете не!