Вести РК Делчево — 15 август 2014
Нерешен резултат за РК Делчево

Денеска се оддигра второто коло од натпреварите на младинскиот турнир Скопје 2014.Ракометарките на РК Делчево за свој противник ја имаа екипата на РК Велкова 5.Иако првото полувреме заврши со гол предност за противничката екипа,со почетокот на второто полувреме работите се сменија и РК Делчево беше во водство.На 2 мин пред крајот на натпреварот нашите ракометарки имаа предност од два гола што за многумина би значело добиен натпревар,но сепак се покажа дека ракометот се игра до последната секунда и ништо не е сигурно се додека судијата не означи крај на натпреварот.Нашите ракометарки немаат потреба да очајуваат за пропуштените 2 бода бидејќи  утре ги очекува доста битен и тежок натпревар со екипата на РК Бар од Црна Гора.На овој натпревар освен желбата за победа тие ќе имаат и мотив да покажат и докажат дека ракометот го сакаат со срце и дека освен горчината на поразот,рамнодушноста на ремито знаат да ја почуствуваат и среќата од победата.Тренерот на РК Делчево  Горан Велков изјави:  “Сеуште ништо не е изгубено и така ќе е до последното коло ,но ракометарките иако само 10 на број знаат и умеат да се докажат тогаш кога најмногу е потребно.Верувам во нив и нема за што да тагуваме ракометот е спорт каде се губи, добива па и ремизира.Овој турнир е од големо значење за нас и е една добра увертира за почеток на првенството“

Со овој нерешен резулта т(18:18)  РК Делчево има исто бодови колку и РК Велкова 5 и РК Бар,додека РК Металург денеска славеше над РК Будучност и е лидер на табелата со 4 бода пред Будучност со 3.

Слични натписи

Сподели

(0) коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *