Голманката на РК Делчево, а воедно и полуматурантка од ООУ Ванчо Прке,Бојана Захариева, е прогласена за Ученик на генерацијата за 2014.Бојана е голема гордост за нашиот клуб,за самото училиште и воопшто градот.
Ова признание за Бојана воопшто не е случајно туку се должи како резултат на нејзините постигнувања во спортот,литературата,математиката и англискиот јазик.Меѓу најбројните би ги издвоиле следниве:I место футсал 2013-Државен натпревар ,I место футсал 2014-Државен натпревар ,I место ракомет 2014-Државен натпревар, III место ракомет 2013 -кадетска лига,I место ракомет на меѓународниот турнир Атлант 2013, I награда на литературен конкурс “Книгата и јас” 2013 ,I награда на литературен конкурс “Што е најважно во животот” 2013,II награда на литературен конкурс по повод патронот празник на училиштето 2012 ,I награда на литературен конкурс по повод патронот празник на училиштето 2013, I награда на литературен конкурс по повод патронот празник на училиштето 2014 ” I награда на литературен конкурс по повод 138г. од Разловечкото востание 2014.Бојана Захариева е ученичка со која ова училиште ќе се гордее. Нејзиното знаење, ентузијазмот, и одговорност треба да послужат како пример за идните генерации ученици, дека со одговорна работа успехот е неминовен.
Целиот тим на РК Делчево и честита за ова признание и и посакува пред се здравје,среќа и успех и во понатамошното школување.



Следете не!